Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

Мачките и кучињата се природни емпати: Тие ја впиваат негативната енергија и го штитат сопственикот од болести и депресија

Врската помеѓу нас и начите домашни миленичиња може да биде многу моќна и интензивна. Иако не можеме со нив директно да комуницираме преку говор, нашиот однос со нив често е многу подобар отколку односот кој го имаме со луѓето околу нас.

Која е нивната цел?

Кучињата имаат своја цел – тие се тука за да им помогнат на луѓето и да ги штитат. Освен што физички нѐ заштитуваат, тие нѐ штитат и од лоша енергија. Нашето куче секогаш ќе се обиде да спречи тешки енергии кои ни доаѓаат, преку впивање на таа енергија. Тие ќе нѐ штитат и од видливото и од невидливото.

Мачките се малку поинакви, па и нивната функција е малку поинаква. Иако и тие се тука за да им помогнат на луѓето, тоа го прават на поинаков начин. Нивната функција е чистење на околината во која живееме, преку забележување и чистење на лошите енергии. Но, ако енергиите им се претешки, тие исплашено ќе побегнат. За мачките се вели и дека се природни исцелитети. Тие се во состојба да ги синхронизираат нашите небалансирани чакри, користејќи ги своите тела и шепи.

Животните се природни емпати

Секое животно е чувствително на одредена енергија. Тие лесно можат да ги откријат промените во енергијата на нашето тело. Нашето милениче нѐ сака, па затоа и ќе ја впие чудната енергија која ја шириме. Ако не го однесеме нашето милениче на прошетка или во природа, тие ќе бидат преоптоварени со штетни и тешки енергии. Тие не можат да издржат премногу негативна енергија, било тоа во нивното тело или во околината во која живеат.

Нашите миленичиња навистина нѐ сакаат. Тие би направиле сѐ што можат за да нѐ задоволат и да направат да бидеме среќни. Поради тоа и несвесно ја собираат негативната енергија од нас и на тој начин нѐ штитат од болести, депресија и умор. Најчесто тоа го прават кучињата и мачките.

Ако сакаме да ги заштитиме нашите миленичиња од болести, мораме подобро да се грижими за нашиот внатрешен свет, за нашите чувства и мисли. Ако го направиме тоа, нашето тело, нашето милениче и нашиот дом, заедно со нашето семејство ќе ни бидат навистина благодарни.

Какво е духовното значење кога сакаме куче или маче?

Астролошки, мачките се поврзани со нашата Месечина, која ги претставува мајчинските чувства, грижа и љубов. Луѓето ќе почувствуваат потреба да имаат мачка кога тие чувства ги нема во нивниот живот или има недостаток од истите.

Кучињата се поврзани со сончевата енергија. Луѓето кои би сакале да имаат куче често сакаат повеќе слобода, енергија и независност. Децата ќе почувствуваат потреба да имаат куче кога ќе им биде потребно повеќе дружење и внимание. Но, возрасните ќе почувствуваат потреба да имаат куче кога бараат свежи почетоци во животот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: