Медиасет.мк

#КИНО

Швајцарско кино ги смени седиштата со двојни кревети

За сите оние што сонувале кино во својата спална, киносалата „Пате“ во општината Спрајтенбах во близина на швајцарско-германската граница се приближи до ваквиот сон со отворање „ВИП-спална соба“ со брачни кревети наместо традиционалните здодевни седишта.

Уникатната киносала има 11 кревети со приспособливи потпирачи за глава, сиви и беж чаршафи и две перници. Постојат дури и масички покрај креветите за да се чувствувате како дома.

Еден ВИП-билет чини 49 франци (околу 48,50 американски долари) и вклучува бесплатна храна и пијалак, а редовните билети чинат 19,50 франци (19 американски долари). Со плаќање на ВИП-билетот не треба да чекате во редици за да купите грицки, закуски и пијалаци.

Киното дури нуди и влечки за да ви биде попријатно. И во случај да не ви се допаѓа доволно, Венанзио ди Бако, извршниот директор на Pathé Switzerland, неодамна соопшти дека воведуваат нови понуди за храна, вклучително вафли и палачинки.

Дури и најмладите посетители може да уживаат во својот простор.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: