„Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со коронавирусот, здравствените работници. Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави! Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите”, се вели во повикот за поддршка на Фејсбук.