Медиасет.мк

#ТРЕНД

СИТЕ ЗАЕДНО: Во 17 часот излезете на терасите со аплауз да им дадеме поддршка на лекарите

Пеачи, новинари, граѓани…на нашата држава која во моментов се бори против коронавирусот, преку социјалните мрежи споделија повик во 17 часот сите да излезат на терасите и со аплауз да им оддадеме поддршка на лекарите, на министерот Венко Филипче, како и на сите кои се вклучени и неизмерно и несебично се борат да се помогне во справување со состојбава.

„Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со коронавирусот, здравствените работници. Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави! Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите”, се вели во повикот за поддршка на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: