И славните личности периодов се справуваат со изолацијата поради корона-пандемијата и се борат со здодевноста… Но, британскиот секс-симбол Елизабет Харли не ги заборава своите обожаватели, па викендов ги почести со слика од себе во куса ноќница.
„Ден 11-ти од изолацијата со моето семејство, тука во Херифордшир.. Конечно ја измив косата, ставив малку шминка, па решив да објавам нешто, го почнува глумицата својот текст опишувајќи го својот вообичаен ден во оваа вонредна состојба“, вели Харли.
Харли е во изолација со нејзиниот син Дејмијан (17),нејзината 79-годишна мајка, тетка ѝ, уште еден нејзин пријател, како што самата пишува – „од ризичната група граѓани“ и тројца други.
„Фала Богу, дојде вечерта, па може да се опуштиме и да одмориме малку од вестите“, вели Харли натаму во објавата.
Самата таа е во шестата деценија од својот живот.