Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Наместо да мрчи, наша сограѓанка ги изненади соседите, а тие и возвратија!

Хуманата страна на нашите граѓани и не е некое чудо, бидејќи се докажала во безброј ситуации и пред коронавирусот. Сите сме се нашле во ситуација кога некому била потребна помош и сме подале рака, па така е и сега.

Просто кажано, сега ќе прочитате и за уште една хумана ситуација, односно, наша сограѓанка која наместо да мрчи „ЗдраФстФото не ни 4ини“, се реши да напраи нешто корисно за своите соседи.

Твитерџиката Крапчица Броз сошила маски и ги оставила на влезот. Таа се срамела да ги изнесе надвор, но потоа, го закачила ќесето на влез, а епилогот бил пораки со благодарност!

Во превод, ајде сите по некое добро дело за своите соседи 🙂

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: