Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Во Германија паника за тоалетна хартија, се краде дури и од гробишта

Пандемијата на коронавирус предизвика недостиг на некои артикли во германските продавници, како тоалетна хартија, а паниката кај граѓаните оди дотаму што дури и од гробиштата јавуваат за кражби на овој сега најбаран производ во земјата.

„И досега се крадеше од гробишта, секогаш исчезнувале метали како бакар или месинг. Но, да се краде тоалетна хартија од тоалетите на гробиштата, тоа досега не сме го доживеале“, вели Рејнхолд Адријан, кој е во администрацијата за градски гробишта.

За да се стави крај на оваа појава, властите решија да ги отворат тоалетите на гробиштата само за време на погреби.

Од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, германските продавници, генерално, немаат недостиг, освен за неколку артикли: брашно, квасец, тестенини, ориз и тоалетна хартија. Додека испораката за други набавки се стабилизира, тоалетната хартија останува дефицитарна стока која исчезнува веднаш штом се појави на полиците во продавниците.

„Забележавме зголемување од 700 проценти во продажбата на тоалетна хартија од февруари“, вели Кристијан Бутчер, портпарол на Сојузот на германските трговци за животни продукти (BVLH).

Од синџирот маркети ДМ велат дека тоалетната хартија е еден од оние производи што ги нарачуваат однапред врз основа на досегашното искуство.

Но, зошто Германците прават резерви од овој производ?

„Кога ќе се најдеме во ситуација да се чувствуваме немоќни, кога сме загрижени за иднината, тогаш многумина бараат некој сегмент каде што може да ги држат работите под контрола. Резервите тоалетна хартија ја симболизираат таа контрола“, објаснува психологот Мајкл Хуперц за германската новинска агенција ДПА.

Складирањето производи исто така на некои луѓе им помага да го надминат стравот од кризни ситуации.

 

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: