Медиасет.мк

#КИНО

Снимен е првиот филм за коронавирусот

Снимен уште пред епидемијата да биде прогласена пандемија, филмот „Корона“ се фокусира на страв и расизам кон азиската популација предизвикан од коронавирусот во времето кога сè уште беше познат како кинескиот вирус (the Chinese virus), пишува „Џакарта пост“ и додава дека канадскиот режисер Мостафа Кешвари завршил со снимањето и филмот ќе почне да се прикажува набргу, најверојатно, на стриминг-платформи.

Со оглед на тоа како Ковид-19 влијаеше врз животите на милиони луѓе на планетата, беше само прашање на време кога приказната за вирусот ќе стигне до светот на филмот.

„Холивуд репортер“ открива дека првиот филм за заразната болест е веќе подготвен за прикажување. Под режисерската палка на Канаѓанецот Мостафа Кешвари, „Корона“ раскажува за стравот и расизмот инспириран од пандемијата.

„Идејата ја добив кога во лифт читав вести за кинески туристи што биле нападнати и си помислив дека ќе направам филм во лифт,“ објаснува режисерот Кешвари за „Холивуд репортер“.

„Корона“ ја раскажува приказната за група соседи заглавени во лифт на почетокот на кризата со Ковид-19. Шест луѓе од групата набргу почнуваат да се сомневаат во седмиот – сосед Кинез – дека е заразен носител на болеста.

Покрај соседот Кинез, групата што се соочува со недостиг на простор во лифтот вклучува мајстор за лифтови, една возрасна жена, надмоќник во инвалидска количка, бремена жена, сопственик на зградата и несреќен станар, кој е во долгови.

Снимен минатиот месец во Ванкувер, Канада, филмот беше речиси завршен пред коронавирусот да биде класифициран како пандемија од страна на Светската здравствена организација, истакнува „Холивуд рипортер“.

Коментирајќи го реалистичниот тон на драмата, режисерот забележува дека ги охрабрил актерите да импровизираат за филмот.

„Тогаш беше познат како кинески вирус, но сега секој може да го има, така што повеќе не е проблем само на една раса. Сега човечката раса треба да се обедини за да го победиме вирусот“, истакнува канадскиот режисер.

„Вирусот не прави дискриминација, па зошто ние да го правиме тоа“, додава режисерот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: