Во околината на електраната Чернобил изби пожар поради што е зголемено нивото на радијација, соопштија украинските власти.
Областа е евакуирана, а во гаснењето на пожарот учествувале 130 пожарникари и два авиона, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Поради него, зголемено е и нивото на радиоактивното зрачење. Од Службата за еко-инспекција објавија и фотографија од Геигеров бројач, преку која се гледа дека радијацијата е 16 пати над дозволеното.
https://www.facebook.com/egor.firsov/videos/3393938787289114/
„Пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарот кој избувна во Чернобил. Ситуацијата е комплицирана. Пожарот се проширил, а досега изгореа повеќе од 100 хектари кои се наоѓаат на подрачјето на Чернобил. Како што веќе се знае, се запали трева, а огнот се прошири и кон дрвјата“, објави тамошениот генерален инспектор, Јегор Фирсов.
Огнот гори во рамки на ексклузивната зона на Чернобил, која опфаќа 2.600 метри квадратни, а е воспоставена после нуклеарната катастрофа во 1986 година, кога радиоактивен облак зафати поголем дел од Европа.
Зоната е воглавно ненаселена, но околу 200 луѓе останаа да живеат тука и покрај предупредувањата да си заминат.