Медиасет.мк

#КИНО

(ВИДЕО) Мора да ја гледате: Money Heist со четврта сезона, возбудата продолжува!

Money Heist од денес се враќа во Нетфликс во целиот свет за четвртата сезона.

Експлозивната шпанска серија е меѓу најпопуларните наслови на Нетфликс, па еве што знаеме за сезоната 4 на Money Heist.

Шпанската серија „La Casa de Papel“ односно „Money Heist“ е најгледата серија која не доаѓа од англиското говорно подрачје а се емитува на сервисот „Нетфликс“. Воедно, таа е и една од најгледаните. Приказната го следи мистериозниот и интелигентен „професор“ кој собира група талентирани криминалци да направат грабеж на печатница за пари во Мадрид, а потоа „Bank of Spain“.

Во оваа сезона продолжува реализирањето на грабежот од претходната, а неизвесноста трае до самиот крај. Таа е и натаму испреплетена, но често има и пресврти. Во неа, засекогаш згаснува животот на уште еден главен лик во серијата.

Снимањето на четвртата сезона се одвива во „Bank of Spain“ (Банката на Шпанија), а продолжува околу Министерството за јавни работи, бидејќи не е дозволено да се снима околу банката.

Според најавеното со последниот трејлер, возбудата продолжува со ист интензитет.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: