Маркс Верстапен, светскиот шампион во Формула 1, ќе стартува од пол-позицијата во трката за Големата награда на Австралија.
Синоќа се одржаа квалификациите на патеката во Мелбурн, а најдобро време имаше Холанѓанецот во болидот на Ред Бул, 1:15.915 минути.
Тоа е негова 35-та пол-позиција во кариерата и ќе ја бара својата 57-ма победа во кариерата на патеката во Мелбурн.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој имаше заостанување од 270 илјадити делови од секундата зад Верстапен, ќе стартува од втората стартна позиција.
Ова е голем резултат за Саинц кој пред две недели беше подложен на апендектомија.
Серхио Перез од Ферари беше трет со време од 1:16.274.
Следуваат Ландо Норис, Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Јуки Конуда, Ленс Строл и како десетти Фернандо Алонсо.
Поранешниот светски шампион Луис Хамилтон ќе стартува од 11. позиција.