Приказните за Марија Кири, Ана Павлова, Малала Јусафзаи, како и за други познати и непознати херои и хероини и инспиративни личности ќе бидат дел од најновата заедничка иницијатива на сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата.
Проектот „Раскажуваме заедно“ е наменет за децата од предучилишна и училишна возраст.
Елизабета Ѓоргиевска ја раскажа првата приказна за животот на храбрата Малала Јусуфзаи – најмладата личност која некогаш била номинирана за Нобелова награда.
Приказните ќе се емитуваат на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на профилите на „5 плус фамилија“ на Фејсбук, Јутјуб и Инстаграм. Освен Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности од земјава.
Во продолжение погледнете го видеото од првата приказна.