Медиасет.мк

Медиасет

Продадени рекордни 8,6 милиони билети за Олимписките игри во Париз

Олимписките игри (ОИ) во Париз веќе поставија нов рекорд: две недели пред почетокот беа продадени 8,6 милиони билети.

Претходниот рекорд од 8,3 милиони продадени билети во тоа време го држеше Атланта, домаќин на Игрите во 1996 година.

„Имаме 8,6 милиони продадени билети за Олимпијадата, плус милион за Параолимписките игри“, изјави за AFP шефот на организацискиот комитет Тони Естанж.

Организаторите на Олимпијадата во Париз планираат да продадат 10 милиони билети за Игрите, кои ќе траат од 26 јули до 11 август, и 3,4 милиони за Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.

На почеток
error: