Преполна сала, хит по хит и силни емоции во чест на музичарите кои оставија длабока трага во македонската музика – вака изгледаше концертот на Влатко Лозаноски – Лозано во арената „Борис Трајковски“.Концертот беше проследен со сценски спектакл, а речиси секоја песна Лозано ја пееше заедно со илјадниците гласови од публиката. Меѓу најсилните моменти беше изведбата на „Не кани ме“ од легендарниот Миле Кузмановски.Подоцна, придружуван само со клавијатурата, Лозано ја започна „Громови на душа“ од Тоше Проески, по што публиката продолжи да го пее текстот во еден глас.Еден од најемотивните моменти се случи кога публиката спонтано ги вклучи светилките од телефоните и ја претвори салата во „ѕвездено небо“, додека Лозано ја изведуваше „Што сака нека биде“ од групата ДНК.Концертот беше организиран од „Прагма продукција“, која најавува и нови музички спектакли во периодот што следува.Погледнете тука.
