Македонскиот фудбалски капитен Горан Пандев се приклучи на големиот број на светски фудбалери кои своите драги дресови ги ставаат на аукција со цел да соберат пари во битката против Ковид-19.
„Овој дрес е од мојот национален тим. Од натпреварот меѓу Македонија и Летонија. За мене е многу важен бидејќи тоа беше мојот 100-ти натпревар. Со националниот тим. Сите собрани средства ќе бидат донирани“, изјави Пандев во видеото.
Во постот на „Инстаграм“ тој потенцира дека парите ќе бидат дадени на болницата „8ми Септември“ во Скопје.
„Овој свет дрес од мојот стоти настап за мојата Македонија решив да го донирам и да помогнам во борбата со „Ковид-19“. Со донирање на 5 или повеќе евра заедно да помогнеме на болницата „8 септември“ во Скопје“, напиша Пандев на својот инстаграм профил.