Германскиот поп/синт-поп состав „Алфавил“ најави дека ќе преземе правни чекори против американскиот претседател Доналд Трамп поради користење на нивниот култен хит „Forever Young“ во промотивно видео објавено на социјалната мрежа Truth Social.Спорниот материјал, објавен пред два дена, го прикажува животот на Трамп од детството до денес низ низа анимации генерирани со вештачка интелигенција. Видеото започнува со наводна слика од него на четиригодишна возраст и го следи низ периодот од 1950 до 2025 година, додека во заднина се слуша песната што со децении важи за симбол на една генерација.Реакцијата на бендот дојде преку нивните официјални канали, со остра порака од фронтменот Маријан Голд. Во изјавата се нагласува дека бендот не се согласува со политичките ставови на Трамп и бара објавата веднаш да биде тргната од интернет.„Бидејќи ние, бендот ‘Алфавил’, на никаков начин не се согласуваме со политичките ставови на Доналд Трамп – напротив, се гнасиме од нив – ќе се погрижиме оваа објава веднаш да биде отстранета од интернет.“Во продолжение, од „Алфавил“ додаваат дека забрануваат каква било понатамошна употреба на нивната музика од страна на Републиканската партија и нејзиниот претседател, потпишувајќи ја пораката со „пријателски поздрави од стара Европа“ и името на Голд.„Алфавил“ се еден од најпрепознатливите синт-поп бендови од почетокот на 1980-тите, формиран во Минстер. Освен „Forever Young“, светска слава стекнаа и со „Big in Japan“. Од оригиналната поставa, денес во бендот останува токму Маријан Голд, а групата зад себе има повеќе од четири децении кариера.Овој случај не е изолиран. Во последните години повеќе познати музичари јавно реагираа и побараа нивните песни да не се користат на политички настани и кампањи поврзани со Трамп, особено за време на изборни митинзи.
