Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Затворање по речиси три децении: Обемна реконструкција на луксузниот симбол на Дубаи

Луксузниот хотел Burj Al Arab во Дубаи ќе биде затворен поради обемна реконструкција која ќе трае околу 18 месеци, потврдија од персоналот.Ова ќе биде прва голема обнова од неговото отворање во 1999 година, а се реализира во период кога туризмот во регионот е забавен поради геополитичките тензии и конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Според сопственикот Jumeirah Group, работите ќе се одвиваат во неколку фази и ќе ги води парискиот архитект за ентериер Тристан Оер. Сѐ уште не е прецизирано дали хотелот ќе биде целосно затворен во текот на целиот процес.За време на реконструкцијата, на гостите со постоечки резервации ќе им биде понудено алтернативно сместување во блиски хотели, а периодот на затворање може да претрпи измени.Инаку, овој хотел во форма на едро, е една од најпрепознатливите туристички атракции во Дубаи. Посетителите можат да го разгледаат неговиот раскошен ентериер, атриумот, панорамските лифтови, како и модел-апартманите кои го прикажуваат ексклузивниот луксуз.Иако во март дел од фасадата беше оштетен од остатоци при пресретнување на ирански дрон, од компанијата нагласуваат дека реконструкцијата не е поврзана со тој инцидент.Воедно, времето на обновата се поклопува со намалена побарувачка за патувања во Дубаи, поради нарушувањата во авионскиот сообраќај и пошироките безбедносни ризици во регионот.

На почеток
error: