Медиасет.мк

Медиасет

Мексико Сити тоне околу 25 см годишно поради подземно езеро

Мексико Сити тоне за речиси 25 сантиметри годишно, според новите сателитски снимки кои оваа недела ги објави НАСА, што го прави еден од најбрзо тонечките големи градови во светот.Мексико Сити тоне околу 25 сантиметри годишно поради подземно езеро.Едно од најголемите и најнаселени урбани подрачја во светот, со околу 7.800 квадратни километри и приближно 22 милиони жители, главниот град на Мексико и околните градови се изградени на некогашно езерско дно.Многу улици во центарот некогаш биле канали, а таа традиција сè уште се задржала во периферните, рурални делови.Интензивното црпење на подземни води и урбаната изградба значително го намалија водоносниот слој, поради што Мексико Сити тоне веќе повеќе од еден век.Тоа доведе до тоа многу споменици и постари градби, како Метрополитенската катедрала, чија изградба започнала во 1573 година, да бидат видливо наклонети. Намалувањето на подземните води дополнително ја влошило хроничната криза со водоснабдувањето, која, како што се очекува, би можела да стане уште посериозна.„Тоа оштетува дел од клучната инфраструктура на Мексико Сити, како метро, канализациски систем, водовод, станбени објекти и улици“, изјави истражувачот по геофизика од Националниот автономен универзитет на Мексико, Енрике Кабрал.Мексико Сити тоне толку брзо што слегнувањето на тлото може да се забележи и од вселената.Проценките на НАСА се базирани на мерења помеѓу октомври 2025 и јануари 2026 година, извршени од сателитот NISAR, заеднички проект на НАСА и Индиската организација за вселенски истражувања. Овој сателит може да ги следи промените на површината на Земјата во реално време.Научник од проектот NISAR, Пол Розен, истакна дека набљудувањето од вселената покажува што навистина се случува под површината.„Тоа е во суштина документирање на сите промени во еден град“, рече Розен, пренесува АП.Со тек на време, тимот планира уште попрецизно да ги следи промените, дури и на ниво на поединечни згради.Пошироко гледано, истражувачите сакаат оваа технологија да ја применат низ целиот свет, за следење природни катастрофи, промени во тектонските раседи, влијанија од климатските промени, како оние на Антарктикот, и други процеси.Розен наведува дека системот би можел да ги унапреди и системите за предупредување, овозможувајќи навремена реакција и евакуации, на пример во случај на вулкански ерупции.За Мексико Сити, оваа технологија претставува важен чекор напред во следењето на проблемот со слегнување на тлото и ублажување на неговите последици, заклучува Кабрал.

На почеток
error: