Тајланд ќе го скрати времетраењето на безвизниот престој за туристи од 93 земји од 60 на 30 дена.Одлуката е донесена со цел да се помогне во спречувањето на криминални активности, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Сихасак Фуангкеткеов.Покрај тоа, тајландските власти ќе вршат проверки и на другите видови визи за да се осигурат дека лицата кои влегуваат во земјата ја исполнуваат целта за која им е издадена визата, пренесува Ројтерс.Министерот, сепак, не прецизираше кога мерката ќе стапи во сила.Мерките се воведуваат поради проблемите со злоупотреба на продолжените визи и учеството на одредени туристи во нелегални активности.Од почетокот на годинава, Тајланд примил 12,4 милиони странски туристи, наведува Ројтерс, потсетувајќи дека туризмот е еден од клучните двигатели на тајландската економија.
