Медиасет.мк

Медиасет

Уште еден ден до спектаклот: Јован Јованов и Елвир Мекиќ подготвени за концертот во „Борис Трајковски“

Уште еден ден останува до големиот концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.Подготовките за музичкиот спектакл се во завршна фаза, а Јован и Елвир заедно со бендот, танчарите и специјалните гости ги одржуваат последните проби пред настапот. На сцената ќе им се придружат Тони Зен, Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Пајак и Врчак, како и специјалните гости Слаѓа Делибашиќ и Ѓус.Концертот е замислен како „сензација во бело“, па организаторите ги повикуваат посетителите да дојдат облечени во бело или барем со бела маичка или кошула, за заедно да создадат уникатна атмосфера и незаборавна вечер исполнета со хитови и носталгија.Интересот за настанот е огромен, а според организаторите остануваат уште мал број билети, кои се достапни преку MKTickets.Јован Јованов и Елвир Мекиќ најавуваат вечер исполнета со емоции, спомени и музика која одбележа една генерација.

На почеток
error: