Медиасет.мк

Медиасет

Претплата на Инстаграм: што добивате за вашите пари?

Компанијата Meta официјално ја лансираше претплатата Инстаграм плус на глобално ниво, при што за првпат одредени корисни функции повеќе не се достапни за сите корисници.Претплатата чини 3,99 долари месечно, а глобалното воведување започна на 4 јуни.Најголемиот дел од новите функции се фокусирани на Стори-објавите. Една од главните новини е Стори Спотлајт, опција која ги поставува вашите приказни на врвот на листата кај пријателите и следбениците за да бидат повидливи.Постои и Стори Екстенд, која го продолжува траењето на Стори-содржините од стандардни 24 на 48 часа. Претплатниците добиваат и можност за креирање повеќе различни листи на публика, наместо досегашната опција Close Friends.Инстаграм плус овозможува и пристап до подетална статистика, вклучувајќи податоци за повторни прегледи на стори-објави, пребарување на лица што го гледале, како и објавување содржина директно на профил без да се појавува во feed-от на другите корисници.Дополнително, претплатниците можат да користат ексклузивни икони на апликацијата, специјални фонтови за биографија на профилот и да закачат до шест објави на врвот на профилот.Една работа сепак веднаш привлекува внимание: Инстаграм плус не ги отстранува рекламите. Без разлика дали плаќате претплата или не, тие остануваат дел од искуството при користење на апликацијата.Многумина сметаат дека токму отстранувањето на рекламите би било најсилниот аргумент за плаќање претплата, слично како кај Јутјуб премиум. Мета во минатото експериментирала со верзии без реклами, па не се исклучува таква опција да се појави во иднина.

На почеток
error: