Возач во Швајцарија при влегување во подземна гаража неколкупати го удри автомобилот во страничните ѕидови. Автомобилот изгледаше како да поминал тешка сообраќајна несреќа.
Тој без да ја прилагоди брзината влезе во гаражата што доведе до оштетување на обете страни на возилото, но и на подот. И токму кога се заглави по третиот и во исто време најсилен удар, возачот реши да не се откаже. Со малку влечкање и уште неколку удари, тој успева да го исправи автомобилот и да излезе од патеката.