Пејачката Ријана дебитира на трето место на листата на најбогати музичари во Велика Британија што ја составува „Сандеј тајмс“.
Богатството на Ријана e проценето на 468 милиони фунти, благодарение на успехот на нејзината модни и козметички брендови со сопственикот на „Луј Витон“ – LVMH.
Позната по својот одважен, живописен изглед на црвениот тепих, Ријана станува сè повеќе влијателна сила во светот на модата, како и во музиката, со осум хит-албуми, оценува списанието.
“Ријана ја карактеризира сеизмичката промена што ја видовме во листата на најбогати во последната година“.
Композиторот Ендрју Лојд Вебер и поранешниот „битлс“, Пол Мекартни, се на врвот на листата со по 800 милиони фунти, a Ед Ширан е на врвот на најбогатите млади музичари со богатство од 200 милиони фунти.