Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Се степаа на улица, а видеото собра повеќе од 13,7 милиони прегледи

На социјалните мрежи се појави видео на кое двајца мажи се тепаат на улица во американскиот град Ричмонд.

На снимката се гледа како маж без кошула се соочува со долгоног соперник, за кој некои твитерџии тврдат дека изгледа како актерот Џеф Голдблум.

„Дечкото со очилата се врати од работа и, претпоставувам, го паркирал скутерот на погрешно место“, изјави авторот на снимката за „The Post“.

Инцидентот, наводно, бил започнат од мажот без маица кој започнал да вика расистички навреди, и покрај тоа што и двајцата се бели, а тој бил и првиот што замавнал.

Двајцата биле со повреди по тепачката и завршиле во болница.

Полицијата ги сослушала двајцата, но не се уапсени затоа што не сакале да покренат тужба.

Видеото има повеќе од 13,7 милиони прегледи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: