Откако ќе заврши сето ова ќе му се посветам повеќе на син ми, вели министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето кај Жаре во емисијата „Еден на еден“ што ќе се емитува во недела од 18.30 на телевизијата Канал 5.
– Една фаза од кризата со коронавирусот е помината. Многу е битно што сега сме поспремни. И кога и да дојде оваа следна фаза што сите ја очекуваат, сметам дека многу добро ќе ја изменаџираме, поради тоа што имаме повеќе искуство – вели Филипче.
Според него, многу интересен феномен е што сега многу повеќе се зближија луѓето.
– Докторите, сестрите, епидемиолозите велат дека станале браќа и сестри – додаде министерот.
Филипче раскажа и за тоа како изгледа еден негов обичен ден во овој период, дека станува во 4 или 5 наутро, за своето искуство како хирург во повеќе светски земји, но и лични приказни.