Пол Кун на 10ти мај околу еден часот по полноќ користејќи скеле поставено во близина, влегол во Австралиски музеј.
На безбедносните камери може да се забележи дека тој 40 минути ги разгледувал поставките, а потоа правел селфи пред одредени експонати.
„Тој украл каубојски шешир и слика од ѕидот и на крајот си заминал“, рекол главниот инспектор Шон Хини. Студентот стар 25 години денес се појавил на суд, а обвинението го товари за кражба на каубојски шешир и уметничко дело.
Добил условна казна, под услов да го предаде пасошот и да се придржува до полицискиот час.
Австралискиот музеј е најстар во земјата, а од август 2019 година е затворен за јавноста заради реновирање.
NIGHT AT THE MUSEUM: A man is facing charges after breaking into a museum in Australia, authorities say, with the suspect seen stealing a staffer's cowboy hat and taking selfies with a dinosaur skull. https://t.co/WM29ojFiM5 pic.twitter.com/yAwvJFiTjY
— ABC News (@ABC) May 18, 2020