На почетокот од годинава се приширија гласини дека бившите сопружници Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (56) се смириле, по средбата на доделувањето на САГ наградите во Лос Анџелес.
Тогаш Бред ја фати за рака и не ја испушташе, а тој момент со неверојатна брзина се прошири на социјалните мрежи и обожавателите на парот повторно посакаа меѓу нив да има и нешто повеќе.
Но деновиве медиумите открија дека Џенифер на црвениот тепих го носела вереничкиот прстен кој ѝ го подарил Бред во 2000 година.
Прстенот од половина милион долари го дизајнирал самиот во соработка со Силвија Дамиани, според обетките, кои ѝ ги купил претходно, а од кои Џенифер била воодушевена.