Медиасет.мк

#ТРЕНД

Џенифер Анистон уште го носи вереничкиот прстен од Бред Пит

На почетокот од годинава се приширија гласини дека бившите сопружници Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (56) се смириле, по средбата на доделувањето на САГ наградите во Лос Анџелес.

Тогаш Бред ја фати за рака и не ја испушташе, а тој момент со неверојатна брзина се прошири на социјалните мрежи и обожавателите на парот повторно посакаа меѓу нив да има и нешто повеќе.

Но деновиве медиумите открија дека Џенифер на црвениот тепих го носела вереничкиот прстен кој ѝ го подарил Бред во 2000 година.

Прстенот од половина милион долари го дизајнирал самиот во соработка со Силвија Дамиани, според обетките, кои ѝ ги купил претходно, а од кои Џенифер била воодушевена.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: