Во Естонија се тестира првиот дигитален имунолошки пасош. Тој е креиран од страна на глобалните технолошки стартапи Transferwise и Bolt, со цел луѓето по карантинот безбедно да можат да се вратат на работа. Овој пасош е збир од податоци од тестирања, На тој начин се споделуваат податоците со работодавaчите со помош на привремен QR код.
„Дигиталниот имунолошки пасош е со цел да го намали стравот кај луѓето и да ги поттикне општествата да продолжат нормално со своите животи во ова време на коронавирус“, соопштува Тавет Хинрикус, основачот на Transferwise.