Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Ибрахимовиќ се повозе со „Ферари“ од 2 милиони долари

Шведскиот фудбалер е голем љубител на ексклузивни спортски автомобили.

Богатството на Златан Ибрахимовиќ се проценува на над 200 милиони долари, што е повеќе од доволно за да може да ужива во своето хоби – купување скапи автомобили.

Најновиот модел во неговата импресивна колекција е исклучително реткиот „Ферари Монца СП2“, чија почетна цена е дури два милиони долари. Ибрахимовиќ го искористи убавото време за да го повози овој ексклузивен спорт кабриолет низ улиците на шведската престолнина.

https://www.instagram.com/p/CACy4oRJDiZ/

„Ферари“ ќе направи само 499 примероци од овој модел, а шведскиот интернационалец е еден од среќниците што може да се пофали дека поседува еден од нив. Ибрахимовиќ е познат како голем љубител на ексклузивни спортски автомобили, а претходно беше виден како вози „ЛаФерари“ и „Порше 918 Спајдер“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: