Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Пијан градоначалник се криел од полицијата во мртовечки ковчег

Градоначалникот на мало гратче во Перу бил фатен како го крши карантинот додека се опивал со пријателите, па легнал во ковчег и се преправал дека е мртов.

Полицијата го снимила Хaиме Роландо Урбино Торес како лежи во отворен ковчег со маска на лицето кога дошле да го уапсат во понеделникот навечер.

Откриле дека градоначалникот на градот Тантар го прекршил полицискиот час и законот за социјална оддалеченост, за да се напие со пријателите.

Граѓаните претходно го повикаа Торес на одговорност, затоа што тој не ја сфатил сериозно опасноста од коронавирусот и затоа што не преземал мерки на претпазливост во градот. Овој град, како и остатокот од Перу, е ставен во карантин на 66 дена, но граѓаните тврдат дека градоначалникот поминал само осум дена во карантин, пишува Дејли Меил.

Перу досега има регистрирано 104.020 случаи на инфекција со коронавирус и 3.024 смртни случаи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: