Медиасет.мк

#ФОКУС

Траги од коронавирус во Италија имало уште од декември

Италијанските научници открија дека испитувањето на отпадните води во Милано и Торино покажало дека короната била присутна во земјата уште во декември, многу пред официјално да се потврдат првите случаи со ковид-19 во Италија.

Националниот институт за здравство (ИСС) објави дека во водите на овие два град имало траги на вирусот уште на 18 декември, што ги потврдува доказите од некои други европски земји дека коронавирусот кружел многу порано од она што е познато.

Кинеските власти ги потврдија првите случаи на крајот на декември, а Италија во средина на февруари. Франција накнадно откри дека имала пациент со коронавирус на 27 декември, додека една шпанска студија утврдила траги на вирусот во отпадните води на Барселона собрани во јануари.

Научниците на ИСС испитале 40 примероци на вода земени од северна Италија меѓу октомври и февруари. Примероците од октомври и ноември биле негативни, покажувајќи дека вирусот уште не бил стигнат тогаш. Отпадните води од Болоња покажале траги од вирусот во јануари.

Италија беше прво големо европско жариште на Ковид-19, и во земјата починаа преку 34.500 луѓе.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: