Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, е примен на Инфективната клиника откако неколку дена имал покачена телесна температура, иако вчера имал негативен резултат за коронавирус.
„Денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката. Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување. Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести“, напиша Милошоски на Фејсбук.