Анонимните хакери од земјава најавија преку „Твитер“ дека следна цел им се извршителите.
„Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, се наведува на профилот на анонимната хакерска група.
Откако утрово беше хакирана веб-страницата на Министерството за здравство, хакерите на „Твитер“ пишуваат дека тие во ниту еден момент не го загрозиле серверот за е-пошта на здравство, туку направиле екстракт на е-поштата.
Сајтовите и серверот за е-пошта се изгасени од страна на шалабајзерите кои се систем-админи во тие министерства“, се наведува на профилот „AnonOpsMKD“.