Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Австралиски полицаец дави девојка која не сакала да носи заштитна маска

Полицајци од австралиската сојузна држава Викторија се под истрага поради насилно постапување со жена која не носела заштитна маска за лице.

На снимката од инцидентот, се гледа како полицаецот ја фаќа девојката за врат и ја турка до ѕид, а таа вика „ме давите“ и „пуштете ме“ Потоа девојката е совладана и турната на земја.

21-годишната девојка и нејзиниот партнер, кој го снимал инцидентот, им кажале на полицајците дека таа е ослободена од обврската да носи заштитна маска од медицински причини.

– Јасно ми е дека сите мора да носат маски, но некои граѓани се ослободени од таквата обврска. Начинот на кој ни пријдоа беше застрашувачки. Тие би требало да не штитат. Не се чувствувам заштитено, изјави парнерот на нападната девојка.

На почеток
error: