Владимир Блажев познат како Панчо, на социјалните мрежи објави фотографија од 88 годишна жена која продава цвеќиња во Карпош 3, со цел да ги прехрани внуците.
“Карпош три, веднаш на паркингот на тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста. Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?
Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари . Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман. Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам. И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани внуците и децата на нејзиниот починат син.
Има букети од 25 и 50 денари, па би ве замолил ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш.
ПС – Дефиниција за МАЈКА”, стои во објавата.
Следете го примерот на Панчо. Во овие денешни тешки времиња разбудете ја хуманоста во вас и помогнете и, бидете подобар човек