Поминаа повеќе од осум месеци по пријавениот прв случај на новиот коронавирус. Иако страшните последици од епидемијата сè уште се чувствуваат во градот во кој почна сè, жителите на Вухан се обидуваат да заборават дека короната сè уште е проблем во целиот свет.
За време на викендот водниот парк во Вухан беше полн со луѓе. Илјадници луѓе залепени еден до друг се забавуваат во водниот парк Wuhan Maya Beach, без никаква заштита од вирусот, кој потекна токму од таму кон крајот на 2019 година.
Безгрижните жители на Вухан како да заборавија на зимата кога градот беше прво жариште на коронавирусот и како резултат на тоа беа затворени 76 дена, па сега се забавуваат на музички настап, на кој ниту еден посетител во публиката не носи маска.