Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ед Ширан стана татко, на ќерката и даде необично име

Пејачот Ед Ширан објави убава вест – тој и неговата сопруга станаа родители на девојче по име Лира Антарктик Сиборн Ширан.

29-годишниот пејач ги објави вестите на својот профил на „Инстаграм“, пишувајќи: „Здраво! Кратка порака, имам некои лични вести што сакав да ги споделам со вас … Минатата недела, со помош на неверојатен тим лекари, Чери ја роди нашата убава и здрава ќерка – Лира Антарктик Сиборн Ширан.“

Пејачот рече дека е пресреќен, но побара и да се почитува неговата желба за приватност.

Тој и неговата сопруга Чери никогаш официјално не ја потврдија бременоста, но на почетокот на август се слушна дека тие можеби го очекуваат своето прво дете.

Во последно време, Ширан не се појавува во јавноста, бидејќи, како што одлучи, отиде на пауза.

https://www.instagram.com/p/CEliNEOBw3O/?utm_source=ig_embed

На почеток
error: