Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

(ВИДЕО) Французинка се сликала гола на свет мост во Индија, па ја уапсиле

27-годишна Французинка е уапсена затоа што се снимила гола на мост кој се смета за свет, а е изграден над реката Ганг во Индија.

Жената, позната само како Мари-Елен, била приведена на 27 август во индиската држава Утараканд. Полицаецот Р. К. Саклани за Си-ен-ен изјави дека обвинетата го снимала видеото за да го промовира својот бизнис за продажба на накит.

„Таа снимила видео на мостот Лаксман Џула, кој се смета за свет. После тоа, правела неморални фотографии и во хотелот. Таа е гола на фотографиите, кои подоцна ги објавила и на Инстаграм”, рече Саклани.
Полицијата добила дојава за фотографиите кога некои верници го препознале мостот на фотографиите и видеата, а локален советник исто така поднел кривична пријава против жената.

Лаксман Џула е висечки мост кој се наоѓа на околу пет километри северно од градот Ришикеш.

Мари-Елен во моментов е на слобода откако платила кауција, а е обвинета за недолично однесување на јавно место. Таа, наводно, дала изјава за француската новинска агенција АФП, велејќи дека делумно се соблекла на мостот затоа што секогаш кога ќе го преминала се чувствувала лошо поради прекорните погледи, како да била малтретирана.

„Жал ми е што со своите постапки и наштетив на локалната заедница. Не ги зедов доволно предвид локалните специфики“, објаснила таа.

Трендинг

На почеток
error: