Медиасет.мк

#ФОКУС

100 милиони шишиња француски шампањ останаа непродадени поради пандемијата

Продажбата на шампањ, еден од најпознатите француски производи, нагло опадна оваа година поради пандемијата на ковид-19, а претставниците на производителите проценуваат дека околу 100 милиони шишиња ќе останат непродадени, пишува Франс 24.

Поради падот на побарувачката за време на пандемијата, производителите се согласија годинава да соберат 22 проценти помалку грозје во француската провинција Шампањ во споредба со минатата година.

„Кога места како барови, хотели и ресторани каде што луѓето пијат, се затворени и кога свадбите и музичките фестивали се откажуваат, се пие помалку шампањ“, истакнува Максим Тубарт, претседател на Здружението на производители на шампањ.

Но, Тубарт додава дека падот на побарувачката нема нужно да доведе до пад на цената: „Важно е да се зачува вредноста на производот за луѓето да не мислат дека ефтиниот шампањ е лош“.

 

На почеток
error: