Медиасет
Ако новите пешкири не впиваат вода, проблемот лесно се решава – еве како
Многумина забележуваат дека новите пешкири, и покрај тоа што се меки и пријатни на допир, не ја впиваат водата како што очекуваат. Наместо брзо да ја исушат кожата, водата едноставно се задржува на нивната површина.Причината најчесто не е во квалитетот на памукот, туку во заштитниот силиконски слој што производителите го нанесуваат за пешкирите да изгледаат помеки и попривлечни на полиците во продавниците. Овој слој привремено ги затвора влакната и ја намалува нивната способност да впиваат вода.