Фановите можеби ќе треба да чекаат есен за повторна средба на тимот на „Пријатели“ за специјалната епизодата бидејќи директорите на „Ејч-би-оу макс“ се надеваат дека ќе се снима пред публика во живо, а не оддалеку со ѕвездите во самоизолација, како што беше преходно нјавено.
Тимот на „Пријатели“ ќе се собере за нова епизода, односно лабава дружба, по повеќе од 15 години по завршувањето на серијата. Нивното дружење требаше да се емитува за стриминг HBO Max во мај.
Во специјалната епизода ќе има разговори со актерите и таа нема да биде класична епизода.
Роберт Гринблат, претседател на WarnerMedia Entertainment, компанија што почнува стриминг-услуга на Ејч-би-оу макс“ (HBO Max) на 27 мај, во понеделникот, изјави дека вреди да се чека за да може епизодата со ненапишано сценарио да се сними на традиционален начин.
„Се надеваме дека овој проект ќе биде завршен до крајот на летото. Добро ќе биде да се искуси можноста да се види како овие шест одлични пријатели се опуштаат пред необична публика“, изјави Гринблат за „Варајати“.
„Не сакавме да го сториме тоа на веб-повик или во простор од шест квадрати и луѓе што зборуваат од своите кујни и спални соби“, додаде Гринблат.
„Пријатели“ – во која глумеа Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер – заврши во 2004 по 10 години емитување, но останува една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња. Фановите во светот сè уште ги гледаат репризите.