#ТРЕНД
Актерката најпозната од „Halloween“ доби уникатен подарок од Атиџе
Актерката најпозната од „Halloween“ и „True lies“, Џејми Ли Кертис на својот профил на Инстаграм се пофали дека добила уникатен поклон од тимот на „Медена земја“.
„Изненадување. Подарок што трае. Директно од изворот. Мед од тимот на „Медена земја“. Атиџе ми остави една тегла. Ветувам „пола за мене, пола за нив“. Во овој случај, кои се моето „нив“? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го изгледале „Медена земја“, инсистирам да го направите тоа“, стои во нејзината објава.