Медиасет
Актерот Сергеј Трифуновиќ ја пријави сопругата за насилство: Полицијата влезе во станот
Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за семејно насилство, објави „Телеграф.рс“.
Се јавил во полиција и рекол дека трпи насилство од сопругата Исидора, која наводно се заканува дека „ќе скрши се во станот“.
Расправијата се случила околу 22 часот во стан во Вождовац.
Но, обвинителот утврди дека нема елементи на кривично дело од областа на семејното насилство.
Трифуновиќ и неговата сопруга се скарале, а кога тој рекол дека ќе ја остави, таа почнала да му се заканува.
Никој од сопружниците не е повреден.