Медиасет.мк

#ТРЕНД

Актерот Татум и екссопругата преку апликација за заедно да ја одлегуваат ќерката

Актерот Чанинг Татум и неговата поранешна сопруга Џена Деван ќе користат апликација за заедничко родителство која ќе им помогне заедно да ја подигаат нивната ќерка иако повеќе не се во брак.

Чанинг и Џена разводот го финализираа овој месец, откако речиси пред две години –  во април 2018 –  најавија дека ќе се разделат, по девет години брак.

Таблоидите тврдат дека тие постигнале согласност за условите на договорот за старателство врз шестгодишната Еверли.

Според американскиот таблоид „Ју-ес викли“, Џена и Чанинг ќе се потпрат на апликацијата OurFamilyWizard која што е осмислена за да им помогне на разведени родители во комуникацијата, со цел правилно да го следат нивните распореди кога станива збор на нивната ќерка.

Апликацијата им овозможува на родителите да го зацртаат нивниот распоред, како и да наведат какви било трошоци, да следат дневни активности и да споделуваат пораки кои што ниеден од нив двајцата не може да ги уреди (едитира), избрише или повлече.

А што се однесува до заедничкото старателство , Чанинг (39) ќе биде со Еверли во текот на целата недела, а Џена (39) ќе биде со ќерката секој втор викенд.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: