Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

Ал Пачино номиниран за најлош актер поради овој филм: „Беше катастрофа“

Медиасет.мк
пред 8 месеци
al-pacino-1000x600-1

Ал Пачино во својата автобиографија „Сони Бој“ отворено зборува за тоа дека некои филмови од неговата долга и успешна кариера завршиле како целосен неуспех.

Како што истакнува, овие проекти не ги прифатил поради финансиски причини, туку затоа што во тој момент верувал во нив. За разлика од улогите што актерите понекогаш ги избираат исклучиво за хонорар, Ал Пачино тврди дека во тој период од кариерата одлуките ги носел воден од убедување дека приказните и идеите се квалитетни и имаат потенцијал да бидат успешни.

Најдрастичен пример за промашување е трилерот „88 минути“, кој тој без околкувања го опишува како „целосна катастрофа“. Во книгата наведува дека по успехот на филмот „Океанови тринаесет“, следел проект кој се покажал како голема грешка. Во тоа остварување Пачино глумел форензички психолог чии живот е во опасност, но филмот не бил добро примен ниту од публиката, ниту од критиката.

Во истиот период снимил и филмот „Праведно убиство“, во кој глумел заедно со Роберт Де Ниро, а кој исто така не ги исполнил очекувањата. Поради овие улоги, Пачино дури бил номиниран за наградата Рази за најлош актер, додека критичарите и двата филма ги оцениле исклучително негативно.

Славниот актер зборува дека парите немале никаква улога во неговата одлука да прифати овие проекти. Како што пишува, тогаш сметал дека е финансиски обезбеден и дека може да си дозволи да избира улоги исклучиво врз основа на личен чувство и вера во сценариото.

На крај признава дека погрешно го проценил потенцијалот на овие филмови, но додава дека овие искуства му послужиле како важна лекција, иако денес на нив се навраќа со одредена нелагодност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 23 часа

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 1 ден

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 1 ден

media-librarymoih7ksa3kfr8D33op8

Нова голема промена на WhatsApp: Еве каде ќе бидат каналите отсега

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања