Медиасет
Ален Исламовиќ се огласи по барањето да му се забрани влез во Хрватска
Групата Бијело Дугме имаше концерт во Сплит, каде меѓу другите го отпеа еден од големите хитови „Плуни и пеј Југославијо моја“, додека на екраните беше истакнато знамето на СФРЈ. Токму тоа им пречеше на поединци.
Поради ова први реагираа хрватските ветерани, учесници во војните во деведесеттите, кои побараа да му се забрани влез во Хрватска на пејачот на „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ.
После се, се огласи и Ален Исламовиќ.
„Нека контактираат со Горан Бреговиќ, јас сум само вработен во Бијело Дугме“, изјави тој за Слободна Босна.
Да потсетиме, Ален Исламовиќ секако е државјанин на Хрватска, па би било невозможно да му се забрани влез во оваа земја.