Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Алкарас го откажа и Синсинати, неизвесен е и неговиот настап на УС Опен

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкарас, го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати поради повреда на зглобот на раката, со што нема да има можност да ја брани титулата што ја освои минатата година.

Шпанскиот тенисер продолжува со рехабилитацијата и сè уште не е познато дали ќе биде подготвен за настап на последниот гренд-слем турнир во сезоната – УС Опен.

Алкарас последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко по финалето на Мастерсот во Монте Карло. Оттогаш е надвор од терените поради повредата.

Во досегашниот дел од сезоната има учинок од 22 победи и три порази, а годината ја отвори со освојување на Австралија опен, со што го комплетираше кариерниот гренд-слем.

Мастерсот во Синсинати ќе се игра од 13 до 23 август, а неговото повлекување дополнително ги зголеми дилемите околу тоа дали Алкарас ќе биде подготвен за настап на УС Опен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 1 седмица

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 1 седмица

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања