Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека би сакал да игра против Јаник Синер во финалето на Вимблдон.
Алкараз неодамна го освои Ролан Гарос, а во финалето го совлада Италијанецот кој моментално е тенисер број еден во светот.
Младиот Шпанец во Лондон ќе ја брани титулата која ја освои лани со триумфот над Новак Ѓоковиќ.
„Ако сакате да освоите Грен слем, треба да ги победите најдобрите. Би сакал повторно да играм против Синер, но овој пат во големото финале“, изјави Алкараз.
“Понекогаш не знам што да правам на теренот. Во тие ситуации секогаш го слушам Ферер. Би сакал тој да биде со мене до крајот на мојата кариера”, изјави Алкараз.
Вимблдон е закажан од 1 до 14 јули.