Медиасет.мк

Медиасет

Алкараз со победа во мечот со Италијанецот, па закажа спектакл со Григор Димитров

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз издржа помалку од час и половина на теренот во Мајами во мечот против Италијанецот Лоренцо Музети, кој победи со 2:0 во сетови, со 6:3 и 6:3.

Алкараз релативно лесно стигна до победата во осминафиналето, брејкувајќи го Музети во првиот сет во првиот гем.

Во вториот сет се водеше изедначена борба до осмиот гем, кога Алкараз го доби сервисот на Мусети, поведе со 5:3 и потоа рутински го приведе мечот кон крајот.

Во четвртфиналето Алкараз ќе се сретне со Бугаин Григор Димитров, кој во осминафиналето го совлада Хуберт Хуркач.

Бугарскиот тенисер го доби мечот по два часа и 40 минути со резултат 2:1 во сетови, 6:3, 3:6, 7:6.

Натпреварот беше решен во тај-брејк на малку бизарен начин, бидејќи Хуркач загуби важен поен затоа што со патиката ја допре мрежата, иако тој поен претходно го реши во своја корист.

Димитров е близок до најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој го нарекува „брат“.

На почеток
error: